ЕВРОПА
„Фидеш“ на Орбан ја напушта Европската народна партија
19.03.2021 11:34
Орбан предлага формирање на сојуз на десните европски партии...

Унгарската владејачка партија „Фидеш“ ја напушти Европската народна партија. Поради непочитување на демократијата, групата предводена од унгарскиот премиер Виктор Орбан беше суспендирана во 2019 година.
Тој предлага формирање на нов сојуз на десните европски партии кој ќе ги обединува сите граѓани што се против мигрантите, мултикултурализмот, и кои ги штитат христијанските вредности и националниот суверенитет.
