Традиционален крос-кантри на АРМ
Денеска во касарната „Чеде Филипоски - Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на македонската армија . Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција, при што настапија натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија.
Денеска во касарната „Чеде Филипоски - Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на македонската армија . Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција, при што настапија натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија. Седмото првенство во крос-кантри го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај, а учествуваа околу 150 припадници на оружените сили на Македонија со штп беше потврдено масовното учество во изградбата на физичката кондиција и спортскиот дух како неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на задачите.
Во машка конкуренција на патеката од 10 километри, прво место освои капетан Игор Јакимовски од Полкот за специјални операции, на второ место беше професионалниот војник Добре Кузмановски од баталјонот на Воената полиција, а третото место го освои професионалниот војник Игор Цветановски од полкот за специјални операции. Во женска конкуренција најдобропласирана беше питомката Благица Димитрова од Командата за обука и доктрини, второ место и припадна на постарата водничка прва класа Марија Пеликон од баталјонот за почести, а третото место го освои професионален војник Верица Параскова од Полкот за специјални операции.
Во екипна конкуренција кај мажите првото и второто место го освоија екипите на Полкот за специјални операции, а трето место освои Центарот за обука на питомци. Во женска конкуренција екипно, прво место освои екипата на Командата за обука и доктрини, второпласирана е екипата на баталјонот на Воена полиција, а трета е екипата на баталјон за почести.
