Граѓаните чуваат 4,7 милијадри евра во банките

19.03.2021 13:19

Само во двете најголеми банки, Комерцијална и Стопанска банка од Скопје се чуваат 2,3 милијарди евра, додека во НЛБ Банка се депонирани 900 милиони евра.

Македонските граѓани чуваат во домашните банки речиси 4 милијарди и 700 милиони евра. Само во двете најголеми банки, Комерцијална и Стопанска банка од Скопје се чуваат 2,3 милијарди евра, додека во НЛБ Банка се депонирани 900 милиони евра.

На листата на Народна банка, според големината на депозитите се наоѓаат и Халк Банка, Охридска, Шпаркасе, Стопанска банка од Битола и ТТК Банка.