Градинките безбедни, се отвораат нови објекти
Прилепските градинки се преполнуваат, а за првпат од пандемијата се отвораат и градинките во населените места. За разлика од скептицизмот на почетокот на пандемијата, сега родителите сметаат дека децата им се сигурно и безбедно згрижени. Прилеп ќе се соочи со старо- новиот проблем, недоволните капацитети за згрижување на децата во градинки...

Шестте прилепски градинки се речиси преполни, а за првпат од пандемијата се отвораат и градинките во населените места. Мајките бараат место повеќе. Од 600, дозволена бројка според протоколите, остануваат уште 40-ина слободни места.
За разлика од скептицизмот пред една година со почетокот на пандемијата, сега родителите сметаат дека децата им се сигурно и безбедно згрижени. Будно и со сите мерки ја следат ситуацијата со ковид- заразите и на 180-те вработени, и на децата.
Единствен проблем со кој Прилеп ќе се соочи е да се најде место за се поголемиот интерес. Градот најави изградба на нова градинка, но ситуацијата е на чекање.
Елизабета Митреска
