Пописот ќе се спроведе, гаранција се строгите протоколи
Успешно заврши првата фаза од пописот, со попишување на припадниците на армијата, бездомниците, затворениците и притворениците, вработените во мисиите, оцени Владата. Во ек се подготовките за теренскиот попис што треба да почне на 1-ви април. Државните инструктори ги завршија обуките и треба го спроведат тестирањето на кандидатите од дополнителниот конкурс за попишувачи. Во дијаспората се попишани над 82 илјади граѓани, иако Заводот за статистика забележа тивок бојкот...

Сите капацитети и активности се насочени кон спроведување, пописот нема да се одложи- методологијата и здравствените протоколи го гарантитраат успехот, велат од Владата. Според портпаролите на дневено ниво се следат препораките на Комисијата за заразни болести во однос на безбедносните ризици, граѓаните и попишувачите ќе бидат заштитени.
И од Државниот завод за статистика велат- нема можност да сугерираат препораки за пролонгирање на статистичката операција, работат според утврдениот план. Досега 82 илјади наши сограѓани од странство се самопопишале. Најмногу, 26 илјади, речиси третина од вкупната бројка се од Швајцарија.
За лицата кои во текот на статистичката операција се во болница, податоци ќе може да даваат членови на нивните семејства. Од Статиситка велат, дневно ќе ги добиваат имињата на заболените со Ковид, ќе ја знааат временската рамка за нивна изоалција. Според Министертвото за правда, успешно е спроведено попишувањето на лицата во воспитно поправните домови, во затворите, на бездомните лица во шелтер центрите и припадниците на АРМ во странство.
Иако остануваат помалку од две недели до почетокот на статистичката операција, сѐ уште се работи на екипирање на тимот попишувачи. На двата огласи не се пријавиле доволно кандидати, надеж е третиот повик. Според Статистика, завршени се обуките на државните инстурктори кои со комисиите на пописните реони ги тестираат новите кандидати, а меѓу нив најмногу има студенти и невработени. За попишувањето на терен ќе работат за хонорари од по 35 илјади денари.
Сузана Фиданска Стоевска
