Партиите со меѓусебни напади и барања за оставки

19.03.2021 15:21

Политичките партии со меѓусебни вербални напади и барања оставки. Секој во својот филм за малверзациите на другиот. Социјалдемократите видоа скандал со потрошените близу 50 илјади евра од страна на ВМРО – ДПМНЕ, дадени на германскиот пратеник Тобијас Цех...

Политичките партии со меѓусебни вербални напади и барања оставки. Секој во својот филм за малверзациите на другиот. Социјалдемократите видоа скандал со потрошените близу 50 илјади евра од страна на ВМРО – ДПМНЕ, дадени на германскиот пратеник Тобијас Цех за консултантски услуги. Овој скандал заслужува институционално внимание на нашите органи- велат во СДСМ.

И опозициската ВМРО – ДПМНЕ со повик до институциите, да истражат од каде толку пари за луксузни одмори на вицепремиерот Николовски и секретарот Рашковски. На вториот откако си заминал од фунцијата генерален секретар имотот му е зголемен за 50-тина илјади евра, а фирмата на братот на Николовски во пандемија го зголемила приходот за 2.300 проценти, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ.

Додека партиите се расправаат за наводни или не афери, дотогаш во Собранието не може да се обезбеди неопходниот кворум за донесување на клучни закони.

 

Миле Ристески