Дачиќ и Тадиќ дел од новата Влада на Вучиќ?

19.03.2014 14:54

Се очекува раководството на партијата наредниве денови да се состане и да разговара за следните чекори за формирање на Влада...

Српската напредна партија од крајот на неделава ќе почне разговори со останатите партии во парламентот за формирање на владејачка коалиција, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Се очекува раководството на партијата  наредниве денови да се состане  и да разговара за следните чекори за формирање на Влада. Од партијата изјавија дека изборот на сојузници за формирање на Влада зависи од лидерот на партијата Александар Вучиќ.

Се претпоставува дека Вучиќ ќе разговара со сите партии, но за влегување во Владата најмногу шанси имаат Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ и партијата на поранешниот претседател Борис Тадиќ.