Полицискиот час останува во сила, следните денови ќе се одлучува за нови мерки
Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид- 19. Најновата статистика покажува дека во изминатите 24 часа регистрирани се 642 нови случаи на Ковид-19, од направени 2.730 тестирања...

Продолжува да важи забраната за движење од 22 часот до 05 часот наутро, информира Министерството за здравство. Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид- 19. Најновата статистика покажува дека во изминатите 24 часа регистрирани се 642 нови случаи на Ковид-19, од направени 2.730 тестирања.
Најмногу случаи се регистрирани во Скопје – 321, Прилеп и Велес - по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.
Пријавени се 524 оздравени пациенти и вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово - 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.
Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19.
