Укината забраната за камиони на Пресека и Буково
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата.

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Пресека и Буково. Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај на Пресека е укината од 8:40 часот, на Буково од 9:30 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата.
Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир, е нормализиран и се одвива по две сообраќајни ленти, отккао синоќа пред полноќ беа пробиени лавините што паднаа на делницата Дебар – Жировница.
Поради снежните врнежи, на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Се апелира на внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.
