Потврдено – Берлускони има забрана да врши јавни функции
Адвокатот на Берлускони, Николо Гедини, рекол дека е исклучително разочаран од ваквата одлука на судот, која ги намали надежите на Берлускони во мај да се кандидира на изборите за Европскиот парламент, пренесува Reuters...

Касациониот суд, највисоката судска инстанца во Италија, вчера ја потврдил двегодишната забрана за вршење на јавни функции за поранешниот премиер Силвио Берлускони, а во рамки на пресудата за затајување данок.
Адвокатот на Берлускони, Николо Гедини, рекол дека е исклучително разочаран од ваквата одлука на судот, која ги намали надежите на Берлускони во мај да се кандидира на изборите за Европскиот парламент, пренесува Reuters.
Касациониот суд на први август лани ја потврди четиригодишната казна затвор за Берлускони поради затајување данок, од кои три години му се одземени врз основа на Законот за амнестија.
Екс премиерот најави жалба до уставниот суд поради пресудата за затајување данок. Тој веќе се пожали пред Европскиот суд за човекови права за исклучување од Сенатот.
Покрај пресудата за затајување данок, Берлускони се бори и против казната од седум години затвор што лани му ја изрече судот во Милано поради плаќање за сексуални услуги на малолетна проститутка и злоупотреба на службената положба за да го прикрие тоа.
