Заев останува лидер на СДСМ
Зоран Заев останува лидер на СДСМ. Трет мандат доби со одлука на 90 насто од членството на внатрепартиските директни избори. По објавувањето на резултатите порача дека во следните четири години СДСМ да биде локомотива која ќе го движи општеството напред. Заев најави нова пролет во СДСМ и реформи во кадровската политика...
Зоран Заев со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и со 277 неважечки ливчиња е избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори. Како што истакнаа од Централната изборна комисија на СДСМ изборниот ден помина во најдобар ред, без попречување и согласно утврдените прописи.
На 237 изборачки места од вкупно запишаните 68.991 активни членови гласале 90 отсто, а првичните резултати се за преброени 227 избирачки места.
Според ЦИК, целиот изборен процес е регуларно и успешно завршен, а СДСМ денес спроведе транспарентен демократски внатрепартиски изборен процес согласно сите статутарни одредби и одредбите на Правилникот на сите 237 избирачки места во сите 80 општини во периодот од 8 до 19 часот.
Согласно бројот, односно процентот на пребројани гласови имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев. Денес поставивме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во демократските процеси,порачаа од ЦИК на СДСМ и додадоа дека внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето.
