Германија

Меркел ќе предложи „локдаун“ до 18-ти април

22.03.2021 10:29

Германската канцеларка Меркел и лидерите на сојузните држави ќе разговараат за одговор на пандемијата, а локалните медиуми известуваат за нацрт-резолуција од канцеларијата на Меркел, која предлага продолжување на „локдаунот“ низ целата земја до 18-ти април.

Германија е подготвена да ја продолжи делумната блокада во земјата, со што е една од многуте европски земји што воведува нови ограничувања, во момент кога земјата се соочува со третиот бран на коронавирусот.

Германската канцеларка Меркел и лидерите на сојузните држави ќе разговараат за одговор на пандемијата, а локалните медиуми известуваат за нацрт-резолуција од канцеларијата на Меркел, која предлага продолжување на „локдаунот“ низ целата земја до 18-ти април.

Ограничувањата предизвикаа незадоволство кај дел од граѓаните и доведоа до протести во повеќе градови низ Европа, вклучително и во Германија, Холандија, Швајцарија и Србија.