СЗО: Четири можни причини за ширењето на коронавирусот
Експертите од Светската здравствена организација, кои го истражуваат изворот на ширење на коронавирусот во кинескиот град Вухан, како можна причината за ширењето ја наведуваат трговијата со диви животни.

Меѓународна група експерти на СЗО од 14-ти јануари речиси еден месец престојуваше во Кина и спроведе заедничко истражување со кинески експерти за утврдување на потеклото на Ковид-19.
Експертите развиле четири главни хипотези за можното потекло на вирусот, кој веројатно не влегол во човечкото тело директно од лилјаците на пазарот за морска храна, туку преку меѓупреносител.