Продолжува мерката за полициски час

22.03.2021 10:12

Забрана за движење од 22 до 5 наутро и во наредните две недели. Комисијата за заразни болести ќе ја проценува епидемиолошката состојба. Не се исклучуваат и порестриктивни мерки. Бројот на починати речиси секојдневно двоцифрен, во болниците се лекуваат над 1.300 пациенти...

И во наредните две недели продолжува да важи забраната за движење од 22 часот до 5 изутрина. Мерката е донесена врз основа на последните бројки на новодијагностицирани и на лицата кои имаат потреба од хоспитализација, информираа од здравство.

Отстапки од забраната ќе има за сите граѓани кои за време на полицискиот час имаат потреба од итна медицинска грижа. За слободно движење ќе треба да се најават на телефонскиот број на МВР, 192.

Комисијата за заштита од заразни болести деновиве ќе ја проценува епидемиолошката состојба дали евентуално се потребни дополнителни рестриктивни мерки.