Чествување на 100-годишнината од раѓањето на Конески во седиштето на УНЕСКО во Париз
Ќе биде соопштен и лауреатот на годинашното, 60-то издание на „Струшките вечери на поезијата“ и добитникот на наградата „Мостови на Струга“.

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, попладне одбележување на Денот на поезијата, во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески. Ќе биде соопштен и лауреатот на годинашното, 60-то издание на „Струшките вечери на поезијата“ и добитникот на наградата „Мостови на Струга“.
Со видеопорака ќе се обратат претседателот Пендаровски и министерката за култура Стефоска. Со организирањето на овој настан, се враќа некогашната традиција со која одбележувањето на Светскиот ден на поезијата и соопштувањето на добитникот на „Златен венец“, се реализираат токму во Париз, во седиштето на оваа престижна организација за образование, наука и култура при Обединетите нации.
