Ковид-19

Куба почнува имунизација со сопствена вакцина

22.03.2021 11:25

Куба најави вакцинација на околу 150 илјади работници во првите линии во борбата против пандемијата...

Куба најави вакцинација на околу 150 илјади работници во првите линии во борбата против пандемијата во склоп на завршната фаза од клиничкото испитување на сопствената вакцина против Ковид-19.

Властите соопштија дека испитувањето во третата фаза покажало дека вакцината е многу безбедна.