Сиднеј: Подготовки за најголемата поплава во последните 60 години

22.03.2021 11:59

Актуелните временски прилики во регионот се спротивни во однос на истиот период лани, кога властите се бореа со суша и со катастрофални пожари.

Австралиските власти подготвуваат евакуација за илјадници луѓе од погодените предградија на Сиднеј, додека градот се подготвува за најголемата поплава во последните 60 години.

Актуелните временски прилики во регионот се спротивни во однос на истиот период лани, кога властите се бореа со суша и со катастрофални пожари.

Австралиската метеоролошка агенција изјави дека во некои области паднале 900 милиметри дожд на квадратен метар. Моменталното ниво на реките околу Сиднеј е повисоко отколку при катастрофалните поплави во 1961 година.