Заев реизбран за претседател на СДСМ, најави реформи во кадровската политика
Зоран Заев останува лидер на СДСМ. Трет мандат доби со одлука на најголем дел од членството на внатрепартиските директни избори. 1.100 биле против и неважечки ливчиња. Заев порача дека во следните четири години СДСМ ќе биде локомотива која ќе го движи општеството напред. Најави и реформи во кадровската политика. Реизборот му го честиташе и бугарскиот премиер Борисов...

По реизборот на актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев на првите директните избори, Заев порача дека за првпат во независноста за првпат во плурализмот, токму членовите на СДСМ испишале историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, посочи Заев. Најави сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, но според негово признание, таа нема да предизвика и кадровски промени во Владата.
Претседателот на СДСМ уште еднаш се обврза за програмата за нова политика. Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата пролетна офанзива за нов пресврт на политичкото дејствување на СДСМ и државата, дополни Заев. Најави дека ќе ја продлабочи започната борба против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја подигне мотивацијата кај граѓаните, порача Заев.
Промени во врвот на СДСМ се очекуваат по конгресот на 16-ти мај, кога треба да се изберат највисоките органи и тела, партиските потпретседатели и секретари. Ова е трет лидерски мандат на Заев во СДСМ. Реизборот телефонски му го честиташе бугарскиот премиер Борисов. Лидерот на СДСМ пак му возвратил со желба за успех на претстојните избори.
Игор Панов
