ВМРО-ДПМНЕ бара посебна седница за ковид-мерките

22.03.2021 13:02

ВМРО-ДПМНЕ бара посебна седница за изгласување на пакетот мерки државна помош и нивно издвојување од другите точки за утрешната седница. Предлогот на координацијата кај спикерот Џафери бил одбиен. Јасно е дека власта нема мнозинство во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ бара посебна седница за изгласување на пакетот мерки државна помош и нивно издвојување од другите точки за утрешната седница. Предлогот на координацијата кај спикерот Џафери бил одбиен. Јасно е дека власта нема мнозинство во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, стана јасно кој блокира во Собранието, денес стана јасно на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните и кои се занимаваат со политиканство и злоупотреба на здравствената криза. Додека смртните случаи од корона вирусот се зголемуваат, и кога на очиглед на јавноста се покажа дека оваа власт е крајно неспособна да обезбеди вакцини и да го заштити населението, СДСМ, Заев и Филипче единствено што ги интересира е како да профитираат од оваа криза и си играат со судбините на граѓаните, играјќи игри во кои наместо да работат за граѓаните, економијата и стопанството, тие се занимаваат единствено со тоа на секој можен начин, да избегнат одговорност и да ја обвинат опозицијата. Законите од овој таканаречен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Доколку им беше навистина грижа за граѓаните немаше да го одбијат овој наш предлог експресно да се донесат овие закони, нагласи Мицевски.