САД: Вакцината на „АстраЗенека“ е 79 насто ефикасна и безбедна
22.03.2021 13:11
Вакцината на универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“, има ефикасност од 79 проценти во спречување на Ковид-19, покажале резултатите од студијата во САД...
Вакцината на универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“, има ефикасност од 79 проценти во спречување на Ковид-19, покажале резултатите од студијата во САД, Чиле и Перу.
Компанијата поднесе барање за одобрување на нејзината вакцина во САД. Се очекува новите податоци да ја намалат загриженоста од обвинувањата дека вакцината „АстраЗенека“ предизвикува згрутчување на крвта и дека не е безбедна за употреба.
Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови ги демантираа тврдењата, по што европските земји кои ја суспендираа вакцината, продолжија со нејзина употреба.
