Украина го откажа ЕП во кошарка!
Кошаркарскиот сојуз на Украина соопшти дека се откажува од организацијата на Европското првенство во 2015. Во оваа земја, веќе неколку месеци политичките сосотојби се нестабилни, а откако Крим на референдум изгласа независност и се припои кон Русија, дополнително е влошена безбедносната состојба.
Украинците на ФИБА Европа и предложиле Евробаскетот во 2015 да се организира во една или повеќе земји, а Украина да биде организатор на Европското првенство во 2017 година.

„Украина денеска се бори за европска иднина. Се надеваме дека во наскоро ќе бидат решени сите економски и политички проблеми и дека ситуацијата ќе се нормализира, со што успешно би можеле да го спроведеме овој проект“, рекол шефот на организациониот одбор на ЕП во 2015 , Маркијан Љубкивскиј.
Тој дополнил дека покрај политичката и економската ситуација, во овој момент не и дозволува на Украина да биде организатор на еден ваков настан.