Заев и Николовски со писмо до Собранието за важноста на процесите поврзани со борбата против корупцијата

22.03.2021 14:13

Бараат единство во носењето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, заедно со акцискиот план за нејзино функционирање.

Премиерот Заев и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Николовски, со писмо до Собранието за важноста на процесите поврзани со борбата против корупцијата. Бараат единство во носењето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, заедно со акцискиот план за нејзино функционирање.

Заев и Николовски со апел до пратениците за дополнителен импулс кој ќе помогне во системското справување со корупцијата. Таков консензуален чекор ќе биде чуен и виден од граѓаните како државнички и одговорен и ќе ја покаже подготвеноста на сите институции да застанат на иста страна со граѓаните, се посочува во писмото.