Собрание: Власта и опозицијата во клинч, откажана седница поради немање кворум
Мнозинството и опозицијата во клинч. ВМРО-ДПМНЕ побара посебна седница за законите за финансиска поддршка за справување со панедмијата. Спикерот Џафери не прифаќа условувања. СДСМ обвини за неодговорно однесување...

Нови превирања во Собранието. Пропадна обидот за договор на претседателот Џафери со координаторите на пратеничките групи за текот на работата. Од опозициската ВМРО- ДПМНЕ велат дека понудиле на посебна седница да бидат изгласани економските закони поврзани со обезбедување финансиска поддршка за граѓаните и стопанството, но тоа било одбиено.
Поради немање кворум, собранискиот спикер ја откажа седницата закажана за во вторник. Вели дека нема да дозволи опозицијата да условува. Најави дека ќе почека неколку дена за да закаже нова седница.
За владејачката партија однесувањето на опозицијата е деструктивно и неодговорно. Оттаму велат дека опозицијата ја злоупотребува состојбата за да го блокира носењето на законите.
Во изолација поради Ковид-19 се двајца пратеници.
Дијана Ценевска
