Завршни зборови за случајот „Трезор“
Во Кривичниот суд, завршни зборови за случајот „Трезор“. Обвинителството тврди дека четворицата обвинети со умисла сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и незаконски купиле опрема за потребите на УБК со што го оштетиле буџетот за 860 илјади евра. Одбраната својот завршен збор ќе го има на 5-ти април...

Наместо на тендер, набавката на опрема за УБК се договорила усно, рече во завршен збор обвинителот во случајот „Трезор“. Според обвиението, Сашо Мијалков како поранешен шеф на Управата и неговите соработници Тони Јакимовски, Горан Грујовски и Небојша Стајковиќ во 2010- тата незаконски купиле софтвер за шпиунажа на компјутерски програми.
Со неколку сомнителни договори обвинетите инкасирале 860 илјади евра, а доказ за незаконската зделка, рече обвинителот се нивните патувања во Лондон и средби со претставници на ГАМА во период пред добивање на договорот за набавка.
Одбраната вели – не постојат докази за овие тврдења. Купопродажбата била легална и не е направена штета врз Буџетот.
Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.
Ново рочиште е закажано за 5-ти април.
Анита Димитријевска Велковска
