Владата ќе ја одржи редовната 57-ма седница

23.03.2021 10:23

На денешната седница министрите во Владата ќе ја разгледаат и ќе донесат одлука за Предлог - програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година...

Владата денеска преку видеоконференциска врска ќе ја одржи редовната 57-ма седница со повеќе точки на дневен ред.

На денешната седница министрите во Владата ќе ја разгледаат и ќе донесат одлука за Предлог - програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година.

На предлог на Министерството за локална самоуправа на денешната седница ќе се расправа за Предлог - одлуката за формирање Совет за рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија.

На оваа своја седница Владата ќе ги разгледа Информацијата во врска со реализацијата на Проектот – Изградба на културно образовен центар во Тетово со нов театар и библиотека, како и Информацијата за реализираните активности за времено згрижените лица и создадените можности за самостојно домување.

Владата на 57-та седница ќе го стави на разгледување и усвојување Извештајот за работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во 2020 година, како и Годишниот извештај за работата на Националниот координативен центар за гранично управување.

На предлог на Агенцијата за млади и спорт на седницата ќе бидат разгледани и Информацијата за Локалните младински совети во Единиците на локална самоуправа и Информацијата за воспоставување на службеник за млади во органите на државна управа и Единиците на локална самоуправа.