ДЗС: Досега самопопишани 130.009 наши државјани
Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте, велат од Заводот за статистика...

Самопопишувањето продолжува со несмалено темпо. Државниот завод за статистика соопшти дека заклучно до денеска до 8 часот, вкупниот број на самопопишани државјани на Република С Македонија изнесува 130.009. Во изминатите 24 часа, според ДЗС, се попишале нови 8.429 наши државјани.
Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република С Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници, за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување услуги кои им се потребни од својата татковина, се наведува во соопштението од ДЗС.
