Што е кинезитерапија и за што служи
Вежбите се од голема важност за психофизичкиот раст и развој на децата, а исто така за скелетно мускулното здравје на возрасните, но и за сите процеси во организмот.

Уште од најстари времиња, движењето и вежбите се користеле за превенција и за лекување на многу заболувања. Денешниот современ начин на живот се сведува на многу седење во неправилна положба и малку движење.И децата и возрасните главно седат или на работа или на училиште, а дома пред компјутер или телевизор. Вежбите се од голема важност за психофизичкиот раст и развој на децата, а исто така за скелетно мускулното здравје на возрасните, но и за сите процеси во организмот. Движењето и вежбите создаваат посилно коскено ткиво и стегнати мускули и тетиви околу органите и зглобовите, што ги заштитуваат од повреди. Се зголемува еластичноста и подвижноста на зглобовите, ја зголемуваме снагата и издржливоста на мускулите. добиваме подобра координација и се подобрува држењето на телото.
Кинезитерапија се составен дел на медицината. Пациентите со ортопедски проблеми го враќаат повредениот сегмент на телото во првобитната состојба и се враќаат на секојдневните функции како пред повредите.
И ревматолошките пациенти мора долго и редовно да вежбаат, за да ги намалат или спречат последиците од заболувањата. И кај невролошките пациенти и оние со невро-мускулни заболувања, неопходно е вежбањето. Кај респираторните заболувања го подобрува квалитетот на дишењето, размена на гасовите, подобро искашлување. Кај кардиоваскуларните болести ја подобрува циркулацијата, ги стимулира регенеративните процеси на ткивата, попречува застој на крвта, отоци и тромбоза, Кај органите за варење: се подобрува работата на цревата и лачење на цревните сокови. Вежбите помагаат да не се спуштат органите надолу поради олабавена внатрешна мускулатура.
Важно е вежбањето да биде континуирано уште од најмлади години, па и во доцна старост. Тоа се прилагодува на можностите и потребите на телото, според возраста.
Кинези терапијата ја одредува физијатарот, а потоа истите вежби се препорачува да се прават и дома. Потребно е секојдневно или преку еден ден да се вежба по 30-40 минути.
Соња Стојановска
