Поради компликации од Ковид-19 почина поранешниот пратеник Тале Герамитчиоски
23.03.2021 13:01
Тој беше редовен професор на Техничкиот факултет во Битола, заменик-министер за образование во периодот од 2002-ра до 2006-та година, како и пратеник од 2006-та до 2008-ма година.

Поради компликации од коронавирусот, вчера, на 58- годишна возраст почина Тале Герамитчиоски. Тој беше редовен професор на Техничкиот факултет во Битола, заменик-министер за образование во периодот од 2002-ра до 2006-та година, како и пратеник од 2006-та до 2008-ма година.
Герамитчиоски е роден во 1962-ра година во Прилеп, каде завршил основно и средно образование, а потоа дипломирал, магистрирал и докторирал на Машинскиот факултет во Скопје.
