Тетовската болница се полни со ковид пациенти
Се полни тетовската болница со ковид пациенти. Наместо во модуларната која стои празна, се отвараат нови одделенија за хоспитализација. Намалувањето на болничките капацитети, како и растот на позитивни случаи, не ги загрижува голем дел од граѓаните кои и натаму не ги почитуваат основните препораки...

Отворено уште едно одделение за хоспитализација на ковид пациенти во Клиничката болница Тетово. Стотиците амбулантски прегледи и големиот број позитивни случаи изминативе неколку недели, доволно говореа за потребата од проширување на болничките капацитети, каде сега се лекуваат 37 пациенти, речиси сите со кислородна подршка.
Сега на два ката од оваа зграда се згрижени ковид пациент. Д-р Нуредини, вели дека во вакви моменти кога се пополнуваат болничките капацитети, модулрната болница која е веќе изградена треба што поскоро да се пушти во употреба.
Од раководството на тетовската болница, велат дека до Министерството за здравство поднеле барање за издавање на решение за поставување на вода и струја како и централен систем на кислород за модуларната болница. По добивањето на дозволата веднаш ќе започнат активности за целосно опремување на објектот и негово пуштање во употреба.
И додека се бара болнички кревет повеќе, тетовци и натаму не ги почитуваат основните препораки. И во центарот на градот голем дел од граѓаните не носат заштитна маска.
Тетовскиот е меѓу регионите со најголем број на заразени со Ковид- 19. Месецов на дневна основа се евидинтираат и до четриесетина позитивни случаи на вирусот.
Зоран Димовски
