Нови 1.056 случаи со Ковид-19, починати 25 лица
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.

Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1.056 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 590, Битола – 57, Прилеп - 42, Велес – 36, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Охрид – 30, Тетово – 28, Струмица – 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Струга и Кичево – по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово – по 13, Делчево – 9, Свети Николе – 8, Радовиш и Пробиштип – по 7, Кратово – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Валандово и Демир Капија – по 4, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1.
Регистрирани се 727 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.
Досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.
