МВР
18 прекршувања на забраната за движење, 631 санкции за неносење маска
24.03.2021 10:53
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Од 22.00 часот синоќа до 05.00 часот денеска констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштува МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 631 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени МВР,од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
