Попис 2021
Досега самопопишани 137.111 македонски државјани од дијаспората
24.03.2021 12:01
Од ДЗС ги покануваат иселениците да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата...

Самопопишувањето на македонската дијаспора се интензивира. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7.102 македонски државјани. Од Заводот за статистика се надеваат дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на пописот, на 21-ви април.
Од ДЗС ги покануваат иселениците да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
