Заев: Сите опции за одблокирање на Собранието се отворени

24.03.2021 13:02

Премиерот Заев со повеќе решенија за деблокада на Собранието. Лидерска, координации, па дури и вонредна состојба. Подготвен е да ја прифати секоја идеја за побрзо изгласување на законите од петтиот пакет мерки...

Премиерот Заев најави средба со спикерот Џафери и со лидерот на ДУИ, Ахмети за да се најде решение за деблокада на Собранието. Премиерот со став-сите опции се отворени од лидерска, преку координации, па дури и вонредна состојба.

„Да се блокираат законите кои живот значат е навистина неразумно, и јас верувам дека ќе има разумност. Во четврток се пратеничките прашања, јас ќе одржам состанок со претседателот на Собранието, веројатно и со претседателот на ДУИ, за да разгледаме одредени можности кои ни стојат на располагање за да го одблокираме Собранието. Сите опции се отворени“, нагласи денес премиерот Заев.

За премиерот е прифатлива секоја идеја за што побрзо изгласување на законите од петтиот пакет мерки.