ВМРО-ДПМНЕ: Собранието не е блокирано, туку е нефункционално
Од опозициската партија велат, дека не станува збор за блокирано, туку за нефункционално Собрание. Според ВМРО-ДПМНЕ, власта нема мнозинство и бара предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ итно бара седница на Комисијата за здравство, и на увид на пратениците и јавноста кој досега примил вакцина, дали евентуално меѓу нив има и функционери. Од опозициската партија велат, дека не станува збор за блокирано, туку за нефункционално Собрание. Според ВМРО-ДПМНЕ, власта нема мнозинство и бара предвремени парламентарни избори.
„Не можете да имате блокирано Собрание кога имате јасна понуда од цела пратеничка група. Ставете посебна седница за ковид мерки од петтиот пакет и потребни закони за справување со кризата и не два, ќе добиете 44 пратеници. Власта треба да се соочи со тоа дека нема мнозинство“, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
