Бочварски: Годинава ќе се реконструира патот од Охрид до Ресен преку Галичица

24.03.2021 13:53

На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој.

Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесеме за развој на туризмот во овој регион.  Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ресен.

На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој.

Министерот истакна дека во општина Ресен преку Министерството за транспорт и врски во завршна фаза е реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје, проект вреден преку 42 милиони денари. Тој најави нови инфраструктурни проекти.