Пелагонискиот регион ќе добие 15 лиценцирани негувателки
Во битолскиот Црвен крст обуката на првите 15 лиценцирани негувателки за нега на лицата од третата доба и лица со попреченост финансиран од Општина Битола, а поддржан од ресорното министерство. На почетокот ќе бидат опфатени 60 корисници на услуга, а до крајот на годината се очекува преку уште две обуки со лиценца вкупно да се стекнат 45 негувателки …

За прв пат пелагониските општини ќе имаат лиценцирани негувателки за нега на стари и лица со попреченост. 25-годишната Марија Петровска е една од 15-те негувателки кои од лето ќе го имплементираат хуманиот проект. Вели дека е дипломиран семенолог, струка која е нова на пазарот на трудот и ова е вистински начин каде може да го надоградува теоретското стекнато знаење. Младиот семеен советник вели дека ниту малку не размислувала, иако треба да дава услуги на поспецифични категории.
Европското размислување на овие млади девојки со големи симпатии прифатено од граѓаните.
Од битолскиот Црвен крст, која е сертифицирана организација за ваква обука напоменуваат дека во оваа прва фаза ќе бидат опфатени 60 корисници на услугата. Веќе е утврден и принципот на делување.
Ристевска вели дека до крајот на годината ќе има уште две вакви обуки, со што на располагање би биле 45 лиценцирани негувателки.
Стевче Митревски
