Нова апликација за точни информации за Ковид-19
Најновите информации за Ковид- 19 вклучително и вакцините, граѓаните ќе може да ги најдат на апликацијата „Хелт бади плус“. Креаторите од УНИЦЕФ и СЗО велат дека оваа алатка ќе им помага на луѓето за разоткривање на лажните вести и митови за вирусот. Истражувањата покажале дека тројца од четворица млади луѓе не се сигурни дека информациите добиени онлајн се вистинити, па оттука се наметнала и потребата да се креира апликација базирана на докази...

Социјалните медиуми се платформите на кои најмногу се ширеле лажни вести поврзани со пандемијата од Ковид- 19. Ова го истакнале граѓаните, анкетирани во истражувањето спроведено од Македонскиот Институт за медиуми на примерок од 1.003 испитаници. Анкетираните посочиле дека дезинформации виделе и на телевизиите, порталите и во весниците.
За поефикасна борба со лажните вести, УНИЦЕФ и СЗО креираа апликација за паметните телефони преку која корисниците ќе може да добиваат научно проверени информации за корона вирусот и вакцинацијата.
Истражувањата на УНИЦЕФ покажале дека тројца од четворица млади луѓе не знаат дали информациите добиени Онлајн се вистинити, па оттука се наметнала и потребата да се креира апликацијата.
Анита Димитријевска- Велковска
