Политика

Власта има опции за деблокада на Собранието

24.03.2021 15:12

Премиерот Заев најави средба со спикерот Џафери и со лидерот на ДУИ Ахмети, за да се најде решение за деблокада на Собранието. Премиерот со став, сите опции се отворени, од лидерска, преку координации, па дури, и вонредна состојба. За него е прифатлива секоја идеја за што побрзо изгласување на законите од петтиот пакет мерки. Собранието не е блокирано, туку е нефункционално, став на ВМРО-ДПМНЕ...

Дали на повидок е компромис меѓу власта и опозицијата и профункционирање на Собранието? Премиерот Заев е подготвен за решение, за како што вели деблокирање на законодавниот дом. Во игра-лидерска, средба со спикерот Џафери, со коалициониот партнер Ахмети, па дури и вонредна состојба.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, јавно побара од претседателот на Собранието, Џафери, итно да закаже собраниска седница, на која ќе бидат изгласани законите од петтиот пакет мерки. Барам пред да почне собраниската седница за пратенички прашања да се закаже собраниска седница со дневен ред со четирите закони, објави Мицкоски на социјалните мрежи. Според ВМРО-ДПМНЕ, Собранието не е блокирано, туку е нефункционално. Прстот го вперија кон мнозинството. Според опозициската партија власта не може да обезбеди кворум.

Од СДСМ подготвени на компромис. Предлагаат да се изгласа дневниот ред, а потоа да се раправа и да се изгласаат само четирите закони поврзани со економски мерки за помош на стопанството и граѓаните.

Спикерот Џафери пред неколку дена прогласи мораториум на работата на Собранието се додека власта не го обезбеди потребниот кворум. Беше дециден дека не прифаќа ултиматуми.

 

Игор Панов