Рецитал „Клавишите на Арда“ во Филхармонија

24.03.2021 15:58

На програмата се дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и Брамс. Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Пијанистичката кариера ја започнува на шестгодишна возраст ...

„Клавишите на Арда“ е насловен рециталот кој ќе се одржи вечерва во 19 часот во Камерната сала на Филхармонија на кој ќе настапи младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу. На програмата се дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и Брамс.

Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Пијанистичката кариера ја започнува на шестгодишна возраст освојувајќи бројни награди на меѓународни пијанистички натпревари: Grand Prix  на EMCY натпревар во Истанбул (Турција); прва награда на интернационалниот натпревар „Antonio Salieri“ во Верона (Италија); трето место на интернационалниот натпревар „Triomphe de l’Art“ во Брисел (Белгија); прво место на интернационалниот натпревар „Kunst Und Frieden“ во Хамелбург (Германија), натпреври во Грција, Србија, Бугарија, Албанија и Франција.