ДПА обвини за корупција во ресорот на Сарачини
„Во рака имам документи како на еден претприемач му се бараат големи суми на пари за неговата компанија да добие една од многуте концесии доделени од страна на министерството за економија“, рече Орхан Ибрахими од ДПА...

„Наместо инвестиција во населените места со албанци, корупција во ресорот економија“ - ДПА покажа документ за мито во Министерството за економија со кое раководи Ваљон Сарачини. Од партијата на Мендух Тачи велат дека албанскиот бизнис се оштетил од кражбите и рекетот на ДУИ.
„Во рака имам документи како на еден претприемач му се бараат големи суми на пари за неговата компанија да добие една од многуте концесии доделени од страна на министерството за економија“, рече Орхан Ибрахими од ДПА.
ДУИ го има авторството за сите дела направени за албанците – одговори Бујар Османи. Вели дека со навреди и обвинувања се занимаваат оние кои немаат што да понудат.
„ДПА историски нема дадено понуда за подобар живот на албанците. Секогаш навреди и поделби. Ние нема да се занимаваме со тоа, туку ќе се занимаваме со тоа што ДУИ има направено“, рече Бујар Османи од ДУИ.
ДПА деновиве обелодени и дека министерот за одбрана Талат Џафери на пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети за консултантски услуги и префрлал хонорар од 30.000 денари.
Миле А. Ристевски
