Субвенции за набавка на добиток

25.03.2021 10:26

Фармерите кои од почетокот на годинава ги обноволе свињарските фарми и пчеларите кои набавиле пчелни матици, можат да аплицираат за субвенции. Oгласот ќе трае до 15-ти април годинава. Финансиската поддршка за фармите изнесува до 6,5 милиони денари по корисник, а за пчеларите до 600.000 денари. Барањата ќе бидат рангирани според правилник...

До 15-ти април, фармерите кои одгледуваат свињи ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи  од увоз или од признати организации.

Висината на финансиската поддршка изнесува до најмногу 6,5 милиони денари по корисник, а право на користење на средствата од оваа мерка имаат сите земјоделци кои се  запишани во регистарот на земјоделски стопанства.

За набавка на пчелни матици од одобрени одгледувалишта секој пчелар моѓе да добие до најмногу 600.000 денари.

 Средствата се наменети набавка на матици во периодот од 1 октомври до 31 декември 2020 година.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и другите услови.

Еден барател може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансирани од Програмата за рурален развој.

Аплицирањето е исклучиво по електронски пат, а сточарите може да побараат помош во подрачните единици на министерството за земјоделство.

 

Методија Трајков