ДЗС: Нови 6.600 самопопишани од дијаспората

25.03.2021 10:34

Досега 143.755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на „popis2021.stat.gov.mk“ и „census2021.stat.gov.mk“- соопштуваат од ДЗС...

Податоците покажуваат дека за 25 дена, откако започна самопопишувањето на македонските иселеници во странство, 143.755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на „popis2021.stat.gov.mk“ и „census2021.stat.gov.mk“- соопштуваат од ДЗС.

Бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст. Ги повикуваме сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право, а сè со цел да покажеме колку сме и каде сме и што татковината може да направи за нив, велат од Заводот за статстика.