Политика
Пратенички прашања во Собранието
25.03.2021 10:15
Седницата која, како што е најавено, ќе почне во 11 часот според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица...

Собранието денеска ќе ја одржи 37-та седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања.
Седницата која, како што е најавено, ќе почне во 11 часот според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица.
Секое трето прашање на седницата ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и од ДУИ.
