Расте притисокот врз болниците, ковид центрите се полнат
Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1.347 нови случаи. 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Меѓу нив и две девојки на возраст од 23 и 24 години

Ковид центрите се полнат. Во некои градови нема слободни места. Речиси 1.500 ковид- пациенти се хоспитализирани низ болниците во земјава. Бројката активни случаи надмина 16.000, половината од нив се во Скопје.
Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1.347 нови случаи. 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Меѓу нив и две девојки на возраст од 23 и 24 години, едната, според првичните информации немала хронични болести.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува над 122.300.
