КОВИД-19

ЕУ расправа за зголемување на бројот и доставата на вакцини во блокот

25.03.2021 10:51

Најголем дел од новозаболените се во Европа, Северна и Јужна Америка. Поради влошена епидемиолошка состојба, Финска за прв пат најавува затворање на пет градови, вклучувајќи го и Хелсинки.

Во светот во последните 24 часа се потврдени над 461.000 нови случаи на коронавирус. Најголем дел од новозаболените се во Европа, Северна и Јужна Америка. Поради влошена епидемиолошка состојба, Финска за прв пат најавува затворање на пет градови, вклучувајќи го и Хелсинки.

Лидерите на ЕУ на виртуелен состанок расправаат за зголемување на бројот и подобрување на доставата на вакцини низ блокот кој се соочува со третиот бран од коронавирусот.

Европската Комсиија бара и поддршка од земјите-членки за планот со кој ќе се воведе дополнителна контрола на извозот на дозите.

Во меѓувреме, фармацевтската компанија „Фајзер“ ја стартуваше првата фаза од истражувањето на нов антивирусен лек наменет за борба против САРС-КоВ-2.