Голема полициска акција во скопски Грчец и Гази Баба, уапсени над 20 лица
25.03.2021 11:19
Досега неофицијално се уапсени над 20 лица, а акцијата ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со МВР. Акцијата е против лица за нелегална трговија со дрога.

Голема полициска акција во скопски Грчец и Гази Баба од утрово спроведуваат специјалните единици на Министерството за внатрешни работи.
Досега неофицијално се уапсени над 20 лица, а акцијата ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со МВР. Акцијата е против лица за нелегална трговија со дрога.
Од МВР за МИА ја потврдиле акцијата и повеќе детали најавиле за во текот на денот.
