Блинкен: Сојузниците нема да мора да бираат меѓу нас и Кина

25.03.2021 11:27

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен тврди дека сојузниците нема да мора да заземаат страна меѓу двете земји.

САД и ЕУ ги доближија ставовите во однос на Кина. На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, двете страни се согласиле дека е потребен дијалог со Пекинг со цел да се анализираат предизвиците и можностите со земјата која ја гледаат како силен ривал.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен тврди дека сојузниците нема да мора да заземаат страна меѓу двете земји. ЕУ е најголемиот трговски партнер на Кина. Неодамна Брисел воведе санкции за поединци поради непочитување на човековите права на малцинските Ујгури. Пекинг возврати со казни за европски дипломати и членови на Европскиот парламент.