МВР

22 прекршувања на забраната за движење, 531 санкции за неносење маска

25.03.2021 12:05

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 22.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштуваат од МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 531 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид- 19.