Дојче Телеком ќе отпушти скоро 5 илјади вработени
19.03.2014 16:17
Дојче Телеком планира да отпушти четири илјади и 900 вработени во корпоративната групација Т-Системи, објавува германскиот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Најавените отпуштања се корегирани, по предупредувањата на компанијата за намалување на 6 илјади работни места на почетокот на 2014-та, кои претходно беа соопштени од синдикатите. Извршниот директор на Т-Системи, Ричард Клеменс изјави дека околу 2 илјади и 700 работници кои работат со полно работно време ќе бидат отпуштени во Германија во 2014-та, а наредните 2 илјади и двесте до крајот на 2015-та, пишува весникот. Германскиот Телеком има 29 илјади вработени само во Германија.
