Европскиот парламент расправа за годишниот извештај за земјава
Групите на зелените и на социјалистите доставија предлози за изменување и дополнување коишто се однесуваат на непримерното и провокативно однесување на бугарските власти со наметнување услови на државава за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Во Европскиот парламент расправа и гласање за годишниот извештај за напредокот на Македонија. Групите на зелените и на социјалистите доставија предлози за изменување и дополнување коишто се однесуваат на непримерното и провокативно однесување на бугарските власти со наметнување услови на државава за почеток на пристапните преговори со Европската унија.
Ова влева надеж дека одредени струи во Европа застануваат отворено на македонска страна и ги осудуваат бугарските потези и уцени кон земјава, велат познавачите. Со вториот амандман се поздравува избалансираниот одговор на нашите владини претставници за ваквите провокации.
